Една надворешна единица може да се поврзе со најмногу 5 внатрешни единици. Секоја внатрешна единица може да се контролира индивидуално и да се комбинира типот во зависност од потребите. Внатрешните единици не треба да се инсталираат истовремено, што овозможува проширување на системот во зависност од потребите на корисникот.

Внатрешни единици се достапни со капацитет од 2 до 5 KW,и тоа sидни, тавански, подни, касетни и каналски. Палетата Free Match е идеално решение за ефикасна климатизација со 2, 3, 4 или 5 зони со единствена надворешна единица. Сите внатрешни единици можат индивидуално да се контролираат, а должината на цевки може да биде до 80 метри.

Проверете која комбинација на внатрешни единици одговара за вашиот избор на надворешна единица