Топлинските пумпи на Мидеа се систем кој обезбедува греење и ладење на просторот, како и топла вода за домаќинство, нудејќи комплетно решение за целата година. Мидеа топлинските пумпи може да се поврзат со подно греење, фенкојлери, радијатори и резервоар за вода за домаќинство. 

Како функционираат Мидеа топлинските пумпи? Мидеа топлинските пумпи се воздух-вода топлински пумпи. Овие пумпи извлекуваат топлина од околниот воздух и ја пренесуваат оваа топлина во затворен простор за греење на просторот/домашна топла вода, а за ладење на просторот е обратна циркулација.

Главниот извор на енергија за Мидеа топлинската пумпа е природна енергија од воздухот. Со само мала количина на електрична енергија, топлинската пумпа може да обезбеди топлина за вашиот дом. Обично околу 4 kWh природна енергија може да се добие за 1 kWh потрошена електрична енергија. Со други зборови, со само 1 kWh влез на електрична енергија, системот може да постигне речиси 5 kWh топлинска енергија, до 500% енергетска ефикасност.

Мидеа има широк спектар на топлински пумпи, и тоа:

  • R32 M thermal Arctic  Series (моноблок и сплит изведба)
  • R290 M thermal Arctic HT Series (моноблок)
  • Aqua Eco Mini Heat Pump (моноблок)
  • M thermal Power Series (моноблок)

 


M thermal Arctic Series

Aqua Eco Mini Heat Pumps

Arctic HT Series 380-415/3/50