Широк опсег на капацитет
Почнувајќи од 8HP, капацитетот се зголемува за по 2HP до 32HP, што е најголемиот капацитет на единечна VRF единица во светот.
Широк опсег на работа
V6-i VRF може да работи стабилно во широк опсег на температурата на околината: од -5°C до 48°C во режим на ладење, и од -23°C до 24°C во режим на греење.
Постојат различни внатрешни единици за VRF системите и тоа: ѕидни единици, парапетни фенкојлери, конзолни единици, каналски единици со еден или два правци на дување, касетни единици во четри правци на дување, итн.
Мидеа климатизерите имаат различни форми на контрола. Стандардно, контролата ја спроведува инфрацрвена единица за далечинско управување (далечински управувач) која доаѓа со климатизација. Сепак, разни жични контролни панели можат да се поврзат со внатрешната единица за различна намена, на пример контролер со опција за неделен тајмер. Исто така е можно да се контролираат неколку климатизери со еден контролер или цела група.